The SharkNinja Family: |
shark logo dark srbija

Робот правосмукалка RV2620WDEU

Shark Matrix Plus 2-во-1

Робот правосмукалка и џогер

Shark Matrix Plus 2-во-1 робот правосмукалката и џогер комбинира моќно вшмукување со сонично бришење за комплетно чистење од почеток до крај. Прво, таа е моќна правосмукалка за целиот дом, ефикасна на теписи и подови. Второ, таа е моќна правосмукалка која истовремено вшмукува и сонично ги брише тврдите подови. Ниту еден детаљ не е пропуштен благодарение на функцијата за чистење на агли и рабови, како и самочистечката ротирачка четка, идеална за влакната од домашни миленици.

Карактеристики на производот

RV2620WDUK_03

Моќно вшмукување + сонично бришење на подови

Ова Shark Matrix Plus 2-во-1 робот правосмукалка и џогер темелно го чисти вашиот дом следејќи прецизна мрежеста патека. Најпрво ефикасно ги вшмукува теписите и подовите, а потоа истовремено сонично ги брише паркетот, плочките и другите мазни површини.

RV2620WDUK_10

Прецизно чистење

Благодарение на иновативната технологија Matrix Clean, роботот детално ги чисти површините движејќи се по прецизна мрежеста патека и поминувајќи повеќе пати преку нечистотиите. Ништо нема да биде пропуштено, бидејќи роботот ги чисти аглите и рабовите со дури 50% подобри резултати*, додека неговата самочистечка четка лесно ги отстранува влакната од домашни миленици.

(*во споредба со моделот RV2620WDUK без активирана опција CleanEdge Detect)

RV2620WDUK_07

Ефикасно против тврдокорни дамки

Shark Matrix Plus не е обична робот правосмукалка – таа е истовремено и моќен џогер. Соничното бришење овозможува дури 100 движења во минута за ефикасно отстранување на тврдокорните дамки. За уште подлабоко чистење, активирајте ја опцијата Matrix Mop преку апликацијата и фокусирајте го чистењето на посакуваните зони. Роботот е целосно безбеден за употреба на сите видови запечатени подови како паркет, плочки и ламинат.

RV2620WDUK_04

Самочистечка четка за дом без влакна

Специјално дизајнираната Shark самочистечка четка длабински ги чисти теписите и директно делува на подовите, ефикасно отстранувајќи ја прашината, нечистотијата и влакната. Благодарение на технологијата Anti Hair Wrap, четката самостојно ги отстранува влакната за време на работата, што ви заштедува време и го одржува домот беспрекорно чист.

Ова Shark Matrix Plus 2-во-1 робот правосмукалка и џогер темелно го чисти вашиот дом следејќи прецизна мрежеста патека. Најпрво ефикасно ги вшмукува теписите и подовите, а потоа истовремено сонично ги брише паркетот, плочките и другите мазни површини.

Повеќе за производот

RV2620WDEU_45Deg_Left_Main
Прецизно матрично чистење
Со Matrix Clean технологијата, робот правосмукалката чисти по прецизна мрежеста патека за оптимално покривање, поминувајќи повеќепати преку нечистотијата и остатоците.

Чистење на рабови и агли
CleanEdge Detect технологијата користи млазови воздух и препознавање на агли за да ги отстрани остатоците од рабовите и аглите, вовлекувајќи ги во патеката за чистење за 50% подобри резултати при чистење на рабовите*.

Ефикасно против тврдокорни дамки
Соничното бришење (Sonic Mopping) ги трие тврдите подови 100 пати во минута. За уште подлабоко чистење, активирајте ја опцијата Matrix Mop во апликацијата за да го фокусирате бришењето на одредени зони. Безбеден е за употреба на сите запечатени тврди подови, вклучувајќи паркет, плочки и ламинат.

Самочистечка ротирачка четка
Продира длабоко во теписите и директно ги чисти тврдите подови, собирајќи ги остатоците, влакната и нечистотијата од сите површини во вашиот дом – отстранувајќи ги влакната од четката додека чисти, благодарение на Anti Hair Wrap технологијата.

Полнење и продолжување со работа
Кога батеријата е при крај, роботот се враќа на својата база, се полни и продолжува со чистење од местото каде што застанал. До 110 минути работа** со едно полнење.

Прецизно мапирање на домот
Роботот користи 360° LiDAR визија за брзо и прецизно да го мапира вашиот дом, со што овозможува методично чистење, детектирајќи и избегнувајќи предмети*** на својот пат, дење и ноќе, прилагодувајќи се на секојдневните промени во домот. Тој креира прецизна мапа на домот во апликацијата SharkClean за да можете да изберете одредени области за чистење по потреба, да ја активирате функцијата Matrix Clean и да поставувате распореди за чистење од каде било. Користете ја апликацијата за да поставите приспособени зони за теписи и „забранети зони“ (no-go zones) за целосна контрола врз тоа каде роботот чисти, а каде не.

Робот правосмукалка идеална за домови со миленици
Со моќно вшмукување, сонично бришење и самочистечката четка на Shark, овој робот ги собира влакната од домашни миленици и лесно ги отстранува засушените дамки направени од нив.

*во споредба со моделот RV2620WDUK/EU со исклучена опција CleanEdge Detect.
**Во режим на слабо вшмукување на тврди подови.
***Предмети со големина од 11,5 cm или поголеми.




RV2620WDUK_01

Што има во кутијата

  • Главна единица (Робот)
  • Стандардна база за полнење
  • 2 Странични четки
  • 2 крпи за бришење што се перат

Спецификации

Боја
Црна/Сребрена
Тежина на производот
4.4 кг
Димензии (В x Ш x Д)
Ш: 34 cm x Д: 34 cm x В: 14,5 cm
Моќност (W)
650W

Материјали за преземање